Балкан
6. February 2018 - 12:56

Одложена посетата на црногорскиот премиер на Приштина

Посетата на црногорскиот премиер Душко Марковиќ на Косово, најавена за денеска, е откажана поради густата магла.

Посетата е одложена за следната седмица.

- Посетата на претседателот на Владата на Црна Гора Душко Марковиќ на Република Косово, која беше најавена за денеска, се одложува за следната седмица. Причина за одложување на посетата е густата магла, поради која во текот на претпладнето беше затворен аеродромот во Приштина, се наведува во соопштението од црногорската Влада.

Терминот на посетата ќе биде дополнително усогласен и прововремено најавен.

Марковиќ, поради густата магла не можепе да слета на аеродромот во осум часот, како што беше предвидено.