Македонија
19. July 2017 - 16:48

Одложена детонацијата на бомбата во Штип - потребна евакуација на 5.000 лица

Одложено деактивирањето на бомбата тешка 130 килограми од втората световна војна која веќе 3 недели стои во индустриската зона во Штип. На меѓусебната координација помеѓу Центарот за Управување со кризи, АРМ и МВР беше договорено најдоцна до денес, среда, да биде детонирана на лице место, но, самите не си ја испочитуваа својата одлука.

- Претставниците на трите институции на вчерашниот состанок утврдиле дека за спроведување на оваа акција, ќе биде неопходно да се изврши евакуација на околу 5000 жители од своите домови и работните места- стенд ап

Врз основа на претходно донесената одлука за детонирање на лице место, некои од штипските конфекции го запреа производствениот процес, а вработените беа информирани дека нема да се работи. Со тоа што изгубија еден работен ден ќе претрпат економска штета, само заради фактот што сакале да го испочитуваат донесеното решение. Стопанствениците реагираа дека е можно да се нанесе и материјална штета на стопански објекти, ако се има впредвид дека бомбата има разорна моќ со радиус од 1 км. и ударен бран од 3 километри од местото на детонација. Од тие причини, активирањето на лице место е дефинитивно отфрлена варијанта, па ќе мора експлозивната направа најнапред да се дислоцира на безбедна локација на еден од воените полигони, а потоа да се детонира. Ова солуција беше првична, но не се реализираше од причина што Центарот за управување со кризи не располага со специјално возило за транспорт на експлозивни направи. Состојбата останува статус-кво како и пред 21 ден, кога ја пронајде багеристот кој ги копал темелите на новиот погон на фабриката за автобуси Ван Хол.