Спорт плус
6. February 2017 - 17:28

Одложен почетокот на Светското првенство во скијање

Почетокот на  44-то Светското првенство во алпско скијање чиј домаќин од денеска па се до 19 февруари ќе биде швајцарски ски-центар Сент Мориц е одложен. 
 
Лошите временски услови, обилните врнежи на снег пропратени со силен ветар се причината порадо која стартот на скијачлкиот Мундијал во Сент Мориц е одложен.  
 
Иако организаторот во текот на целата ноќ, но и претпладнево се обидуваше да ги оспособи патеките, сепак временските услови тоа не го дозволија, па предвидените први тренинзи на скијачите во машка и женска конкуренција пријавени за спуст трките се одложени. 
 
На Шампионатот во Сент Мориц ќе настапат 589 скијачи (360 мажи и 229 жени) од 76 земји во светот, меѓу нив и седуммина Македонци: Лидија Симјановска, Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари, Воислав Синадиновски, Марјан Нашоку и Виктор Петров, предводени од селекторот Иван Лссески и неговиот асистент Никола Панчевски.
 
Сите македонски скијачи ќе учествуваат во квалификациските трки, во велеслалом и во слалом кои според програмата се од 16 до 19 февруари. 
 
Првиот сет медали треба да биде доделен утре по трката во супер-велеслалом во женска конкуренција, нормално, доколку временските услови го дозвлат тоа.