Македонија
24. May 2017 - 21:28

Одлична вест: Бесплатни поволности за корисниците кои вчера имаа прекин на услугите

Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на вчерашниот ден во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.

- „Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет“, соопштуваат од компанијата, каде се додава и дека двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите.

Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за јуни. 

Инаку, прекините беа поради невремето.