Ракомет
10. јуни 2017 - 8:52

Одиграни првите бараж дуели за пласман на СП за ракометарки

Синоќа се одиграа четири натпревари од баражите за Светското првенство во ракомет за жени што во декември 2017 година ќе се одржи во Германија. на сите одиграни дуели фаворитките постигнаа позитивен резултат:

Црна Гора - Белорусија 33:26, 
Русија - Полска 31:20, 
Романија - Австрија 34:29,
Украина - Шпанија 34:34.
Вечерва покрај дуелот Македонија - Шведска (почеток 20:30 часот СРЦ Кале) се играат уште четири дуели:
Италија - Србија,
Унгарија - Словачка, 
Хрватска - Словенија и 
Чешка - Турција.
Селекциите кои ќе победат во двата дуела ќе се пласираат на СП, каде досега пламан од Европа имаа обезбедено Норвешка (светски првак) и Германија (домаќин).