Ракомет
3. November 2016 - 8:37

Одиграни десет натпревари од првото коло од квалификациите за ЕП 2018

Со 10.те натпревари што се одиграа вчера стартуваше новиот циклус квалификации за ЕП во ракомет што 2018 година ќе се одржи во Хрватска.

Четири дуели се играат денеска, натпреварите од 2.коло на програмата се во текот на викендот.
Изненадувања направија Финска и Романија со гостинските победи, додека Македонија ја совлада Украина во Скопје.

Резултати на натпреварите од 1.коло:

Група 1: Унгарија – Летонија 24:16. Данска – Холандија играат денеска.

Група 2: Белорусија – Романија 23:26.  Полска – Србија играат денеска.

Група 3: Австрија – Финска 27:31 и Шпанија – БиХ 30:21.

Група 4: Македонија – Украина 27:21 и Исланд – Чешка 25:24

Група 5: Словенија – Швајцарија 32:27 и Германија – Португалија 35:24.

Група 6: Русија – Словачка 31:31. Шведска – Црна Гора играат денеска.

Група 7: Норвешка – Белгија 35:26. Франција – Литванија играат денеска.