Балкан
2. November 2015 - 9:04

Одеднаш почнал да плука крв - Мигрант почина на автопат

Викендов уште една трагедија ја потресе Србија. На автопатот кон Парачин, починал мигрант кој бил во многу тешка здравствена состојба. Се работи за 51-годишниот Калиф Ибрахим Афдал кој рекол дека е од Сирија, а на неговиот пасош пишувало дека е од Ирак. 
 
Тој излегол од автобусот со кој се превезувале сите мигранти и почнал да плука крв, по што починал. Засега не се знае точниот мотив за смртта.