Спорт плус
29. April 2017 - 15:19

Одбојкарките на СВКС го освоија Купот на Македонија

 
 
 Одбојкарките на СВКС Куманово го освоија трофејот наменет за победникот во Куп на Македонија во женска конкуренција.
 
Во финалниот меч кој се играше во салата на средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, екипата на СВСК со максимални 3-1 во сетови го победи тимот на Јанта Волеј.
 
Првите два сета победничката екипа го доби со 25:19 и 25:14, додека во третиот Јанта Волеј и по негатива од седум поени успеа да се врати во игра и да го добие истиот со 25:21.
 
Сепак во четвртиот сет тимот од Куманово одново ја презеде играта во свои раце и на крајот го доби сетот со 25:16, за конечни 3-1 во сетови.
 
За одбојкарките на СВКС ова е прв трофеј во националниот Куп на Македонија, додека екипата на Јанта Волеј и по втор пат е поразена во финалето, откако лани оваа екипа загуби од составот на Работнички.
 
Токму овие два тима ќе се борат и за шампионскиот трофеј во домашниот шампионат во кој финалната серија ќе започне веќе во вторник (2 мај).
 
Во машка конкуренција, во финалето чиј почеток е закажан за 16 часот ќе играат Лешок и домаќинот Струмица.