Спорт плус
4. July 2017 - 10:24

Одбојкарите сами си прославија на плоштадот во Скопје!

Одбојкарската репрезентација на Македонија освои сребрен медал во Европската лига и доцна синоќа преку Ниш се врати во Скопје. 

Потоа директно со автобусот минаа низ триумфалната капија и се симнаа на плоштадот каде немаше пречек но тоа не и пречеше сами да си го прослават успехот со песна и оро. 
Напред Македонијо....