Одбиени барањата на СЈО за замрзнување на имот
Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 на денешната седница ја уважија несогласноста на судијата на претходна постапка, со која не се определува привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека.
Тоа се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 по денешната седница на која одлучуваа по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).
- Судиите од Кривичните совети постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), согласно член 202 став 3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека, се наведува во соопштението на Основен суд Скопје 1.
Барањата произлегуваат од последните три истраги „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“ кои ги отвори СЈО.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак