Македонија
7. November 2016 - 14:32

Одбиена жалбата на СЈО за мерки за претпазливост за „Тендери“

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки претпазливост против двајца осомничени во предметот „Тендери“.

Од Кривичниот суд денеска соопштија дека донеле решение со кое жалбата на СЈО се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка.

Со решението од 28.10.2016 година судијата на претходна постапка го одби предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени со предметот „Тендери“.

Случајот „Тендери“ што го отвори СЈО се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.