Македонија
18. August 2015 - 8:24

Одбележување на денот на АРМ

Пригодна свеченост по повод 18 Август-Денот на АРМ денеска ќе се оддржи пред зградата на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ. 

На свеченоста предвидено е присуство на претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, како и министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Македонија, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, и други гости.

Според протоколот на свеченоста, предвидено е со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателот Иванов и министерот за одбрана.