Македонија
20. November 2015 - 14:29

Одбележани 14 години од основање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Универзитетот на Југоисточна Европа има значително влијание врз мрежата на високото образование во Република Македонија, што го прави единствена институција и признат модел за високото образование во Македонија и во регионот, истакна денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на одбележувањето на четиринаесет години од основањето на Универзитетот.

- Со оглед на фактот дека Болоњската декларација беше потпишана во 1999 година, Универзитетот на Југоисточна Европа, како нова институција на високото образование, која почна да работи пред 14 години, во целосна согласност со принципите на оваа Декларација, со широка употреба на модерни практики и активности во своето дејствување, истакна Адеми.

Потренцира дека на овој начин, се создаде можност за постигнување на високи стандарди, така обезбедувајќи споредливост со европското високо образование, вклучувајки го системот на кредити, преносливоста и акредитацијата и реструктурирањето на програмите и академскиот систем, во согласност со европската димензија, квалитетот во наставата и унапредувањето на научно-истражувачката дејност, како и воведувањето на нови критериуми за оценување.

Според Адеми, Универзитетот ЈИЕ е првата институција која почна со примена на подруг систем, како што рече, од оној на кој бевме навикнати, а во чекор со современите трендови. Додаде дека комплексноста на реформите во високото образование бара постојано надградување на правната рамка. 

- Ажурирање на Законот за високото образование, со други норми и правни инструменти, пред се со областите кои влијаат на развојот, нужно мора да се продолжи и во иднина. Владата на Република Македонија е посветена на имплементацијата на процесите за обезбедување на квалитет. Унапредувањето на државата, ќе се постигне со јасно дефинирање на одговорностите на универзитетите и евалуацијата, со поголемо учество на студентите во контрола на квалитетот, зајакнувајќи ја меѓународната компонента на обезбедување на квалитет на национално ниво, рече Адеми.

Основната преокупација и процесот на заедничкиот простор на европското високо образование, додаде министерот, остануваат квалитет на високото образование.

- Финансиската состојба на високото образование во Македонија од неодамна има направено значителен напредок. Особено, по приемот на студиските понуди на пазарот, каде што вредноста се вреднува преку механизмите на конкуренцијата, што секако го прави потребно моделирањето на одржлив систем на високото образование. Структурата на изворите на финансирање на јавното образование во Република Македонија, особено начинот на тековниот буџет и распределба на јавните средства, обезбедува систем на значително поповолна распределба на трошоците за јавно финансирање на јавното високо образование, создавајки услови и поголема транспарентност за поправедна распределба на јавните средства, рече Адеми.

Тој додаде дека благодарение на овој пристап, е идентификуван и финансиран со одреден процент на буџетот и Универзитетот на Југоисточна Европа, која е институција од јавен интерес за државата, врз основа на критериумите и стандардите на квалитет, без оглед на сопственичкиот јавно - приватен непрофитабилен статус.