Македонија
21. May 2016 - 23:25

Одбележан Светскиот ден на културната разноликост во Охрид

Студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од десетина земји од Азија, Африка и Европа преку претставување на националните носии, кујникултурните обичаи и изведување на традиционалните танци и песни по 4ти пат го одбележаа 21 мај Светскиот ден на културната разновидност.

-Јас сум од Гана и облечена сум во нашата традиционална облека. Денес овде не само што танцуваме,туку успеавме да приготвиме и нешто од нашата традиционална кујна за сите сладокусци.

- Ова што јас го нoсам е дел од машката памучна традиционална облека во Гана и симболизира моќ.

-. Јас сум Нигерија, во мојата облека вака се облекуваат владателите,со црвена капа и 4  пердуви, а со ова што го дршам во рака се благослува народот.

На градскиот плоштад охриѓани и туристите се фотографираа со студентите облечени во нивните традиционални носии и уживаа во прекрасниот амбиент.

Мултикултурниот амбиент е еден од најзначајните карактеристики на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ каде студираат професори и студенти од повеќе од 40 земји во светот.