Македонија
22. May 2017 - 16:51

Одбележан денот на Светите Кирил и Методиј

Со молебен пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“, со кој началствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, скопскиот универзитет ја одбележа 68-годишнината од основањето на Универзитетот и Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Делегации од факултетите и институтите на УКИМ положија цвеќе пред споменикот во универзитетскиот кампус во Скопје.

Во рамките на одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот, во Ректоратот беше одржана научна дебата на тема “Импакт фактор: да или не?”. Научно истражувачката дејност претставува главен белег на УКИМ, а импакт факторот е развоен фактор не само за Универзитетот, туку и за општеството во целина, посочи ректорот Јанкуловски.

Одбележувањето на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј ќе заврши со свечената академија што вечерва ќе се одржи во МОБ.