Македонија
17. March 2016 - 17:01
Одбележан денот на крводарителите
Со повеќе активности денеска се одбележа 17 Март – Денот на крводарителството во Република Македонија.
На промотивниот штанд волонтери од Клубот на крводарители на Црвениот крст на Град Скопје и „Клуб 25“ делеа флаери и даваа информации за крводарителството, а медицински лица од Институтот за трансфузиона медицина определуваа крвна група на граѓаните.
Поетесата и крводарителка Лилјана Јаневска во оваа пригода прочита стихови од песната ,,Црвено злато,, посветена на крводарителите.
На овој ден во 1945 година е формиран и Црвениот крст на Република Македонија, кој ќе го одбележи основањето и Денот на крводарителството со пригодни активности .
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->