Балкан
27. May 2017 - 13:22

Од утрово полицијата на нозе: Двојно убиство ги потресе граѓаните

Двојно убиство рано утрово го потресе Приједор. Полицијата за медиумите од регионот информира дека во 7 часот и 50 минути било пријавено убиство на две лица. 

Според засега неофицијалните податоци, убиени биле две лица, маж и жена. Веднаш биле повикани полиција, крим техника и Брза помош. За жал можело да се констатира само смрт.

Засега не е познато како се случило двојното убиство, ниту пак кои се мотивите.

Повеќе детали се најавуваат подоцна.