Македонија
29. November 2015 - 17:18

Од утре започнува исплатата на субвенции за земјоделците

Од утре  почнува исплатата на субвенциите за уште 16 илјади земјоделци . На нивните сметки ќе легнат вкупно 8,5 милиони евра.  Од оваа група најголем дел се занимаваат со појлоделство. Целосната исплата на државаната помош  за сите 16 000, ќе заврши  за две до три недели.

- Се работи за 16 000 земјоделци. Од нив 6000 се млекопроизводители , а 10 000 се од делот на полједелството. Сите ќе добијат субвенции од околу  8, 5 милиони евра, рече премиерот Никола Груевки

Груевски потенцира дека нема пречки во исплатата. Субвенциите  се исплаќаат веднаш откак ќе биде собрана целата документација и кога ќе бидат потврдени сите законски постапки.

-Задоволен сум како тече исплатата, ова е следна група која ќе ги добие субвенциите, 10 000 полјоделци и 6000 млекопроизводители, рече Груевски.

За годинава за  развој на  земјоделското производство  беа обезбедени 100 милиони евра, а за руралниот развој  помошта изнесува 33 милиони евра.