Македонија
25. October 2016 - 12:42

Од утре промена на времето

Утре од попладневните часови, претежно на север и исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Слаб повремен дожд ќе има и во четврток, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни, соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи.

Од среда попладне ќе започне да дува северен ветер, кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за десетина степени во однос на денешните.

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.