Бизнис
30. јуни 2016 - 19:47

Од утре пониска цена на струјата

Струјата минимално поевтинува. Од август граѓаните ќе добијат пониски сметки за 0,25 денари.  Регулаторната комисија за енергетика по анализата на трошоците на компаниите одлучи дека има простор за благо опаѓање на  цената.

Сите енрегетски компании добија намалување. Државаната ЕЛЕМ  од утре ќе ја произведува струјата  за 0,01 процент поевтино, дистрибутерот ЕВН тарифата за дистрибуирање  ќе ја наплаќа за 9,71  отсто пониско,  а МЕПСО пак има намалување на услугите за пренос и управување на пазарот  од 7,99 процент.

Од цената на струјата ЕЛЕМ го добива најголемиот дел  57 отсто, ЕВН 44 проценти, а Мепсо 4 отсто.

Новата цена важи од утре и се до први јули догодина.

Последен пат  поевтини лани за 0,33 проценти. 

Според  Еуростат, Македонија плаќа најевтина  струја во Европа.