Loading Video...
Спорт плус
5. March 2018 - 13:23

Од утре до четврток на Бистра 55-то издание на „Мавровскиот меморијал“,

Од утре до четврток (6 - 8 март), во Маврово ќе се одржи традиционалната меѓународна манифестација во нордиско скијање „Мавровски Меморијал“

На 55-тото издание на „Мавровскиот меморијал“, до сега учество пријавиле околу 70-тина натпреварувачи од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Србија, Романија, Луксембург, а се очекува потврда од Хрватска. 

Една од најстарите спортски манифестации во државата која се одржува во чест на загинатите 38 градители на електро-системот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година и годинава ќе биде поддржана од Агенцијата за млади и спорт.

„Традицијата продолжува, но и остварувањето на нашата визија да се најдеме во европската и светската елита во нордиското скијање. Јас верувам дека ќе се покажеме како добри домаќини и организатори на овој настан, кој како ФИС натпревар е еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Токму затоа, Агенцијата за млади и спорт, секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар“, истакна Дарко Каевски директор на АМС.

Натпреварите ќе се одржуваат во среда и четврток (старт од 10.15 часот) на падините на Бистра, на патеката „Мирна Долина“ каде ќе се одржат трки на 5.километри за жени и 10.км за мажи, како и детски трки на 2,5 километри.