Македонија
27. October 2016 - 17:08

Од утре до 16 ноември Државната изборна комисија треба да го стави на јавен увид избирачкиот список

Државната изборна комисија од утре треба да го стави на јавен увид избирачкиот список каде  граѓанинте до 16 ноември, ќе можат да проверат дали се впишани и  дали се точни податоците, како и сите избирачи кои беа обележани како спорни ќе може да потврдат дека имаат право на глас.

СДСМ смета дека комплетно е пречистен избирачкиот список, иако бројот на гласачи е речи си идентичен со оној во 2014 кога партијата не ги призна изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека избирачкиот список ги открил манипулациите на СДСМ со фантомските гласачи.

Во документот кој ДИК на 30 август го испратил до сите политички партии стои јасно стои дека избирачкиот список за оваа година брои 1,77 милиони гласачи, што е за нешто над 9.000 помалку во однос на 2014та година кога право на глас имаа 1,78 милиони граѓани.

ДИК продолжува и со спроведување на изборните дејствија кои ќе опфаќат пријава за кандидатури на независни кандидати, а потоа ќе се чекаат и партиските листи за пратеници.

Избирачкиот список ќе биде конечен на 27 ноември. Собранието се распушти на  17 октомври додека Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува со стартот на изборниот молк, на 10 декември, еден ден пред изборите.