Од ураганот „Метју“ досега загинаа 69 лица
Ураганот „Метју“ досега предизвика смрт на најмалку 69 лица, од кои дури 65 загинале на Хаити, соопштија локални претставници, додавајќи дека ураганот од Бахамите се движи кон Флорида, јави Танјуг.
Повеќето загинати на Хаити настрадале при пад на стебла од дрвја, парчиња од фасади и покриви, како и во надојдените реки, пренесуваат британските медиуми.
Ураганот „Метју“ во Домининиканска Република усмрти четири лица и оштети 200 куќи, а властите евакуираа 800 лица, соопштија локални претставници.
Најжестоката карипска бура во последните речиси 10 години рано утринава ги зафати Бахамите, а додека се чека да стигне до американскиот брег во четири американски држави во тек е масовна евакуација, јавуваат британските медиуми.
Патиштата во Флорида, Џорџија и Северна и Јужна Каролина од синоќа се блокирани со колони автомобили, бидејќи милиони луѓе го послушаа предупредувањето за евакуација кон внатрешноста бидејќи се приближувал ураганот „Метју“, со ветрови со јачина од околу 185 километри на час, силни бури и поројни дождови.
Вечерва во овие држави се очекуваат врнежи, информира Американскиот национален центар за урагани.
- Сите во нашата држава сега мораат да се подготват за директниот налет на ураганот, изјави вчера гувернерот на Флорида на прес-конференција, предупредувајќи на катастрофални последици.
Сите четири држави на патеката на ураганот прогласија вонредна состојба, и отворија засолништа откако нивните гувернери, заедно со претседателот Барак Обама, ги повикаа жителите на евакуација.
Вкупно над 12 милиони американски граѓани се предупредени на ураганот.
Бензинските станици ширум Флорида останаа без гориво, а празните полици во продавниците и долгите редови на бензинските пумпи станаа честа глетка додека граѓаните создаваат залихи.
Оние кои имаат намера ураганот да го сочекаат во своите домови се снабдиле со големи количества вода, млеко и конзервирана храна, празнејќи ги самопослугите, покажуваат снимките на локалните медиуми.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина