Македонија
29. October 2017 - 11:48

Од трафостаница на ЕВН одземени бакарни елементи во вредност од околу 3.000 евра

Тешка кражба на трафостаница тешка околу 700 килограми, која била поставена во атарот на гостиварското село Дуф извршиле непознати лица меѓу 26 и 27 октомври годинава, со што противправно се стекнале со имотна корист од околу 180.000 денари, информира денеска МВР.

Крадците откако ја спуштиле трафостаницата во сопсвеност на „ЕВН Македонија“, од столбот висок десетина метри, тие ја демонтирале и одзеле околу 100 килограми бакарни елементи (намотки), додека другиот дел го оставиле и избегале.

Причинетата материјална штета, како што информира МВР, дополнително ќе се утврдува и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот  и пронаоѓање на сторителите.