-->
-->
Од стомакот на тинејџерка отстраниле циста тешка речиси 22 килограми
-->
Доктори тврдат дека ја извадиле најголемата циста на светот која тежела околу 22 килограми.
Огромна циста, која била потешка од просечно петгодишно дете е извадена од јајниците на 18-годишната Кхалида Акхтар.
Девојката била оперирана во Кашмир откако се пожалила на големи болки во стомакот. Доктор Малик Азад кој го водел лекарскиот тим изјавил дека цистата во стомакот била најмалку 5 до 6 месеци.
- Беше толку голема што почнала да се шири кон горниот дел од стомакот, а поради тоа имаше и гушење во градите, изјавил докторот кој се плашел за животот на девојката.
Исто така треба да се истакне дека целата операција докторскиот тим ја извршил бесплатно.
- Финансиската состојба на семејството е на најниско ниво и едвај имаа пари да ги платат лековите, затоа се одлучивме оваа операција да ја извршиме бесплатно, - завршил Азад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море