Македонија
4. December 2015 - 11:47

Од синоќа во Македонија влегле околу 1.100 бегалци

Грчко-македонската граница од синоќа ја преминале околу 1.100 бегалци, соопшти грчката полиција.

Сепак, грчките власти кај Поликастро сопреле 25 автобуси со бегалци и мигранти затоа што прифатниот камп што е во близина на тампон зоната е преполн со лица што чекаат да ја преминат раницата.

Грчко-македонската граница кај Идомени е отворена од синоќа за бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија.