Живот
16. January 2017 - 15:49

Од што се би се откажале луѓето за да ослабат

По новогодишните и божиќните празници, многу луѓе бијат битки со зголемената тежина.

Поттикнат од ова, лондонскиот весник „Дејли Експрес“ спроведе анкета за тоа од што би се откажале гурманите заради брзо слабеење и добивање витка линија.

Според акетата, голем дел од граѓаните во Велика Британија за таа цел се подготвени да се откажат од социјалните мрежи на една година.

Изненадувачки, резултатите покажуваат и дека голем дел од луѓето би апстинирале од секс, алкохол, па дури и би „се откажале од мајка си“, за да имаат подобра физичка форма, но не и од чоколадите и колачите.

На прашањето - што би направил за веднаш да ослабне, еден од 20 испитаници одговорил дека е подготвен да ги прекине односите со својата мајка. Десет отсто без размислување би се откажале од секс, а три отсто - од алкохол.

Британците на возраст меѓу 25 и 34 години би платиле стотици фунти, доколку би можеле за миг да се ослободат од килограмите.