Македонија
25. July 2016 - 12:29

Од полноќ поевтинува горивото во Македонија

Дизелот поевтинува за денар, цената на бензините останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
 
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Од полноќ цената ената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.
 
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,150 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,763 ден/кг