Од полноќ нови цени на горивата во Македонија
Цената на нафтата вчера забележа раст откако Русија потврди дека е подготвена да разговара со OPEC за нивото на производството.
На лондонската берза цената на барел нафта во петокот се искачи на 34,06 долари. На американската берза пак барел нафта се продаваше за 30,09 долари.
Ако се задржи овој тренд, имајќи го предвид малиот простор за маневар на Регулаторот, но и најавите за благ раст на цените на светските берзи, во февруари можеме да очекуваме задржување на актуелните цени или поради евентуални значителни промени на курсот на доларот движење на цената меѓу половина и еден дена и тоа во двата правци.
Предвидувањата се дека во денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика нема да има некоја посериозна корекција, а доколку тоа се случи, очекувањата се малопродажните цени да тргнат надолу.
Во моментов малопродажните цени на бензините во Македонија се на рекордно ниско ниво. Во архивата на Регулаторната комисија во која најстариот извештај датира од март 2006 година не можете да најдете одлука со пониски цени.
Сега, на бензинските пумпи низ Македонија ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 57,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 59,5 денари а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 39 денари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација