Од почетокот на годината Хрватска повлекла од ЕУ фондови 662 милиони евра
Министерството за регионален развој и ЕУ фондови, соопшти денеска дека Хрватска оваа година од ЕУ фондови повлекла околу пет милијарди куни (662 милиони евра) и е три милијарди куни (410) милиони евра во плус со оглед на уплатените средства во европскиот буџет.
Најголем дел од парите се насочени кон проекти од областа на сообраќајот и заштитата на животната околина, развој на претприемништво, вложување во студентски домови, проекти на научни институции и друго.
Во 2015 година Хрватска од ЕУ фондови повлекла 558 милиони евра, а во 2014 година 548 милиони евра.
Од влегувањето во ЕУ во 2013 година Хрватска досега од ЕУ фондови повлекла само малку повеќе од износот што е уплатен во Унијата, а сегашниот износ е показател за доброто досегашно работење и назнака дека со тоа ќе се промени и искористеноста на фондовите и со тоа ќе се поттикнат инвестиции и економски развој, нагласува во соопштение Министерството.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората