Бизнис
24. August 2017 - 16:22

Од октомври дневна тарифа на евтина струја

Од октомври граѓаните повторно ќе можат да ја користат денската евтина струја. Секој работен ден и сабота 2 часа, односно од 14 до 16.

Мерката ќе ја чини државата 8 милиони евра кои ќе се обезбедат со кратење на непродуктивните трошоци на МЕПСО И ЕЛЕМ. Надлежните уверуваат дека ова нема да предизвика поскапување на струјата.

Иако првиот човек на ЕЕЗ Јанез Копач изјави дека евтината тарифа треба да се воведе само за социјално ранливите категории вицепремиерот Анѓушев уверува дека по одржаните состаноци е постигната согласност која не се коси со европските регулативи.

Пресметките покажуваат дека доколку граѓаните користат евтина струја во периодите кога им е достапна, можат да заштедат и до 40 отсто на износот на сметките. Освен дневната останува и евтината струја  од 22 часот до 7 наутро, како и 24 часовна евтина струја во недела.