Балкан
24. February 2017 - 9:03

Од независноста, во БиХ инвестирани 6,1 милијарди евра

Според најновите податоци за странските инвестиции во БиХ, до 31 декември 2015 година директните инвестиции од стекнувањето независност изнесувале 12,2 милијарди конвертибилни марки (6,1 милијарди евра), јави Фена.

Најмногу инвестици се од Австрија (3,5 милијарди КМ), Хрватска (2 милијарди), Србија (две милијарди) и Русија (980 милиони КМ).

Најмногу е инвестирано во индустријата за преработка (3,6 милијарди КМ), финансиски сектор и осигурување (3,2 милијарди) и во комуникации (1,8 милијарди КМ). Во изминатите 10 години најмногу прилив од директни инвестици се регистрирани во 2007 година (2,6 милијарди), а најмалку во 2009 година (352 милиони КМ).