Од мутираниот вирус од грип заболуваат и вакцинирани лица
И вакцинирани лица заболеле од грип. Оваа сезона во земјава регистрирани се неколку вакви случаи. Причина според епидемиолозите е мутираниот вирус од типот А Н3 Х2 кој може да предизвика и тешки компликации, пред се воспаление на мозокот. Министерот за здравство вели дека овој период од годината очекувано е да има зголемен број на болни и затоа преземени се низа мерки меѓу кои и продолжување на распустот на учениците.
- За среќа со оваа мерка и со другите мерки кои се превземаа ситуацијата е ставена под контрола. Инаку оваа сезона грипот малку порано почна, а регистрирани се и случаи на вакцинирани лица да заболат од грип, што според епидемиолозите и експертите од комисијата за заразни болсети сметаат дека грипот најверојатно е мутиран, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
Според официјалните бројќи од Институтот за јавно здравје оваа сезона регитрирани се околу 25.000 болни од грип, но се претпоставува дека бројката е 2 до 3 пати поголема зошто не сите одат на лекар и сами се лекуваат. Годинава од компликации предизвикани од вирусот починаа две деца на 3 и 4 годишна возраст.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар