Македонија
15. November 2017 - 14:44

Од куќа во Тетово украдени 4.000 швајцарски франци, 850 евра и таблет

Непознати сторители синоќа извршиле тешка кражба во куќата на М.К. (55) на улица „Киро Ристовски-Дрнц“ од Тетово.

МВР информира дека сторителите насилно ја отвориле влезната врата, влегле внатре и одзеле 4.000 швајцарски франци и 850 евра, еден таблет и разновидна бижутерија.

Откако го извршиле делото побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.