Македонија
5. January 2017 - 15:45

Од Крива Паланка 41 дете на бесплатно зимување

Вкупно 41 дете од семејства во социјален ризик од Крива Паланка и Ранковце ќе одат на бесплатен зимски одмор во Крушево, во рамки на проектот за бесплатно зимување кој го реализира Министерството за труд и социјална политика.

Од Меѓуопштински центар за социјални работи Крива Паланка информираа дека дечињата во сабота, 7 јануари, ќе заминат на зимување во Крушево, придружувани од двајца волонтери од општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.

Дечињата се од семејства корисници на социјална парична помош, деца без родителска грижа, корисници на посебен додаток, детски додаток или постојана парична помош, како и деца од згрижувачки семејства. Тие ќе ги користат услугите од проектот во рамки на втората смена од седми до 14-ти јануари.

Инаку, ист број дечиња од двете општини летово ги искористија услугите од проектот на МТСП Бесплатен летен одмор за деца од семејства во социјален ризик и една седмица престојуваа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга, додека лани беа на зимување на Пелистер, Битола.