Бизнис
2. November 2016 - 19:35

Од јануари до август 223 милиони евра странски директни инвестиции

Пораст на странските директни инвестиции, објави Народната банка. Од јануари до август во земјава вложени се 223 милиони евра, сума која е за 67 милиони евра поголема во однос на истиот период лани. Само во месец август инвестирани се 54,55 милиони евра, што е најголема сума од  почетокот на годината. Според надлежните, инвеститорите ја препознаваат подобрената бизнис клима во земјата, а со рангиранањето во Дуинг бизнис , може да се очекуваат уште нови инвеститори.

- Странките компании пред да инвестираат во некоја земја, прво ги читаат Извештаите на реномираните институции, како Светска банка и слично. Со најновото рангирање на листата во Дуинг бизнис, се очекува дека уште нови компании ќе ја одберат Мкаедонија з аземја каде ќе ги вложат своите пари, изјави Кирил Миноски, министер за финансии.

Најмногу капитал се слеал од Германија, Турција и Италија. Гледано по сектори во  производство на возила, транспортна опрема, приколки, полуоприкалки, како и услуги се вложени најмногу пари.