Живот
20. October 2017 - 13:02

Од исхраната исфрлила само 4 намирници: 4 години подоцна, оваа жена буквално e преполовена

Кејси Гемел пред четири години планирала роденденска забава за нејзиниот едногодишен син. Планот бил оваа 37. годишна мајка да се маскира во суперхерој и да го изненади синот.

Својот костим во XXL големина го нарачала од интернет. Кога и стигнал и бил мал, но таа сепак се одлучила да го облече и да го изненади својот син.

Забавата поминала според планираното. Меѓутоа неколку дена покасно, на Фејсбук почнале да се појавуваат фотографии од роденденот - и тогаш Кејси сфатила дека работите мораат да се променат.

- Помислив како на сликата не сум јас, глетката беше ужасна. А тогаш се појави уште една слика од роденденот, уште полоша. Чекав да се појави некоја поубава фотографија, но тоа не се случи - се потсетува она.

Како фотографиите почнале да се споделуваат на Фејсбук, Гемел вели дека сфатила во колку лоша состојба и се наоѓа телото.

Со своите 160 килограми таа едвај можела да ги промени пелените на својот син.

Меѓутоа 4 години подоцна по големите промени кои ги донела, Кејси имала двојно помалку килограми и луѓето не можеле да поверуваат како таа изгледала.

За да дојде до промена, Кејси почнала да вежба секој ден.

Но добро знаела дека за да го изгуби вишокот килограми не било потребно само да вежба, туку и да направи промени во исхраната.

 

Од својот живот во потполност ги исфрлила сирењето, пастата, лебот и газираните пијалоци.

На крај нејзиниот труд и упорност и се исплател. Од својот автомобил можела да излезе без да го ротира своето тело, повеќе не и требал подолг појас кога патувала со авион и можела да облече облека за "нормални луѓе".

- Моето тело се менува на подобро, но и натаму имам проблеми поради минатото. И понатаму во главата можам да слушнам негатинвни работи кои луѓето ги зборуваа за мене кога бев дебела. И понатаму ја гледам таа девојка. Но не сум веќе таа - се потсетува Кејси.

Поради ова таа сака и другите луѓе кои имаат проблеми со тежината да знаат дека не се сами и дека можно е да направат промени кои ќе го сменат нивниот живот.

- Се надевам дека ќе ги продолжам своето патување и дека ќе помогнам да ги мотивирам другите луѓе да го направато тој прв чекор, чекор кон здрав живот и тело. Сакам да знаат дека секогаш има надеж - завршила Кејси.