Бизнис
29. December 2016 - 20:09

Од идната недела извршителите веќе нема да можат без известување да блокираат сметки за неплатени комуналии

Нема веќе блокада на сметка за неплатен долг за комуналии.

Наредната недела стапуваат на сила измените во законот за извршување, каде граѓаните прво ќе  бидат опоменати дека ќе им биде блокирана сметката, доколку не го плататат долгот за 15 работни дена.

На овој начин  ќе се заштитат од непотребните  нотарски, судски и банкарски трошоци. Со новиот закон опфатени се неплатени сметки за телефон, кабловска и одржување на згради до 2.000 денари, додека сумата за струја, парно и вода не треба да надмине 6.000 денари.

Доколку должникот не го плати долгот во предвидениот рок, тогаш се продолжува со присилна наплата на побарувањето.

Од Комората на извршители велат дека најголеми должници се физичките лица токму за неплатени сметки за комуналии. Дури 70% од предметите се по овој основ.

Очекуваат со новите законски решенија значително подобрување на наплатата .