Македонија
10. December 2015 - 12:12

Од идната година катедра по македонски јазик на Универзитетот за странски студии во Кина

Од следната година на Универзитетот за странски студии во Пекинг ќе започне со работа катедра по македонски јазик.

Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу ректорот на скопскиот Универзитет, Велимир Стојковски и делегацијата од Универзитетот за странски студии во Пекинг, која престојува во посета на Македонија.

Во рамки на посетата, претставниците од Кина го посетија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кој функционира во рамки на скопскиот Универзитет.