Бизнис
24. July 2017 - 19:39

Од есен сет мерки за поддршка на домашните и странските инвестиции во ИКТ секторот

Фондот за ризичен капитал South Central Ventures инвестира 500.000 фунти во македонско британската компанија InPlayer, која нуди платформа за монетизација на дигитални содржини и веќе соработува со повеќе глобално познатни медиумски и софтверски компании. 

Фондот СЦВ располага со 40 милиони евра за инвестиции во иновативни компании од Западниот Балкан. Ова е прва Серија А инвестиција на фондот во Македонија и трета во македонска компанија. 

Министерот Манчевски најави мерки за домашни и странски компании од ИКТ со цел да се задржат кадрите кои најчесто се иселуваат од земјава.  

Манчевски рече дек од есен ќе почне да фукционира т.нт младинска гаранција, со која државата ќе му гарантира некаков вид ангажман на секој млад човек кој ќе го заврши образованието.