Балкан
15. October 2015 - 13:02

Од Егејско Море спасени 830 бегалци

Грчката крајбрежна стража во потрага по бродови со бегалци, во изминатите 24 часа, од водите на Егејско Море спасила 830 лица.

Спасувачките операции се изведени во близина на грчките острови Лезбос, Киос, Самос, Агатониси и Кос, информираа локалните власти, а пренесоа американските медиуми.

Во средата, грчките власти во еден помал чамец ги пронајдоа телата на жена, девојче и детенце. Чамецот бил забележен од екипажот на хеликоптер на полициската агенција Фронтекс на Европската унија.

Телата биле пронајдени по целодневната потрага по 24 лица од тој чамец, што се наоѓал во близина на турските територијални води.