Фудбал
22. February 2017 - 13:17

Од две средби заработи 13.500 евра

Фудбалската Лига на шампиони, во вторникот, на фудбалските фанови им понуди вистински спектакл, а на еден Црногорец му донесе и огромна добривка.

Манчестер Сити го совлада Монако 5:3, а Баер Леверкузен загуби од Атлетико 2:4, а неименуваниот обложувач вложил 50 евра дека на овие две средби ќе има шест и повеќе голови.

За да ја оствари целта мала „помош“ доби и од сонардониокот Стефан Савиќ кој игра во Атлетико и кој постигна авто-гол во Леверкузен, кога германскиот тим намали на 2:3. Потоа Фернандо Торес во 86.минута ги постави конечните 2:4, кои на Црногорецот му донесоа 13.581 евро, бидејќи на мечот во Манчестер шестиот гол го постигна Агуеро во 71.минута кога израмни на 3:3.