Македонија
1. July 2016 - 8:47

Од денеска увоз на половни возила најмалку со Еуро 4 стандард

Од денеска нема да може да се увезуваат половни автомобили постари од 10 години, односно во државата ќе се внесуваат само возила со најмалку Еуро 4 стандард.

Ваквата одлука беше донесена на барање на импортерите на нови возила уште во 2013 година, но со датум на важење од 1 јули годинава.

Оние кои купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаа рок до вчера да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.

Според податоците на Царинската управа на Македонија, во првите четири месеци од годинава се увезени 9.500 возила што е скоро двојно повеќе од истиот период лани.

Увозот на половни возила беше либерализиран во 2010 година кога беа увезени и најмнмогу половни возила, односно 51.399 автомобили.