Македонија
21. July 2017 - 16:49

Од денеска почнува издавањето извод на родени за сите бебиња во Клиниката за Гинекологија

Извод од матична книга на родени во рок 48 часа ќе бидат издавани во Клиниката за Гинекологија за бебињата кои ќе се родат од денеска. Министерот Таравари го промовираше новиот проект Добредојде бебе со кој се олеснува процедурата за родителите. Услов за добивање на документот е родителите да приложат лични карти и да го одредат името на детето. Оваа услуга од 1ви септември ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија.

Со клиниките наскоро ќе раководат нови директори. Таравари вели квалитетот ќе биде пресуден но не откри кои лекари се во трката за менџареските позиции

На прашањето до каде е постапката за избор на гинеколог во Шуто Оризари рече дека е во тек процедурата за регистрација на приватна здравствена установа. Таравари информира дека изборот е направен, гинекологот се стекнал со потребната лиценцата и очекува за неколку недели да почне со работа.