Бизнис
22. March 2017 - 19:44

Од денеска невработените можат да се пријавуваат за обука кај познат работодавач за субвенционирани вработувања

Можност за обука кај познат работодавач, по која следи и вработување ќе добијат 440 лица со новиот оглас на Агенцијата за вработување објавен денеска.

Невработените кои ќе се пријава ќе посетуваат тримесечна обука кај позната компанија, која потоа има обврск да ги задрши на работа уште шест месеци за што ќе добие субвенции од државата.

– Мерката е наменета за лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и лица кои имаат потреба од дополнителни знаења и вештини, како и за компании кои имаат потреба од проширување, од нови работни места, но, поради спецификата на работното место не можат да најдат соодветен кадар, рече на денешната прес-конференција директорот на АВРМ Влатко Поповски.

За време на тромесечна обука невработеното лице ќе прима месечен надомест од 9 илјади денари и ќе биде здравствено осигурано. Работодавачот потоа треба да го вработи за што ќе добие субвенција за исплата на бруто плата и направени трошоци за обуката од вкупно 19 илјади денари во следните шест месеци. Ако вработениот даде отказ или е отпуштен, компанијата треба да го поополни тоа работно место со друго невработено лице од истата категорија или да ги врати субвенциите.

- Од почетокот на мерката на овој начин се обучиле 984 лица од кои 863 се уште се вработени. Половина од нив се на возраст до 29 години.

Мерката предвидува на корисниците на паричен надоместок да им мирува правото на истиот до завршување на обуката, а  корисниците на социјална помош ќе продолжат да да ја добиваат и во текот на обуката.