Од деца до немилосрдни војници: Како настанува руската армија
Десетина илјади млади Руси секоја година се приклучуваат во војската. За да ѝ служат на својата земја, оние кои ги посетуваат камповите мора да минат низ строги тестови и напорни тренинзи.
Руската војска брои повеќе од три милиони луѓе, вклучувајќи и активни и резервни војници. Тој број секоја година се зголемува благодарение на регрутацијата, во чии рамки се избираат момчиња на возраст од 18 до 27 години.
Задолжителниот воен рок во Русија трае 12 месеци, што е двојно помалку во однос на рокот кој постоел до 2006. година. Таа земја планира постепено да го укинува служењето и да премине на професионална војска.Обуката во камповите трае 12 седмици и важи за многу брутална. Русите се на мета на критики поради користење на строги стандарди и методи за Советскиот сојуз.Така, на пример, идните војници треба да претрчаат три километри за помалку од 12,4 минути, а маршот од 10 километри треба да го завршат за 56 минути.
Иако доколку не одговорат на повикот на војската се кривично гонети, многу Руси избегнуваат да одат во војска. Дури 40 проценти од војниците пораснале без еден или без двајца родители.Бруталните тренинзи, според пишувањето на New York Times , резултирале со смрт на 16 регрути, а голем број на војници извршиле и самоубиство.
"Во текот на првата година од службата, момчињата живеат под константна закана од насилство доколку не ги исполнат обврските кои им се поставени", опишал Human Rights Watch.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок