Македонија
15. March 2018 - 10:42

Од аптека во Битола украдени 30.000 денари

Непознат сторител синоќа со закана со пиштол извршил разбојништво во аптека „Еурофарм“ на улица „Солунска“ во Битола.

МВР информира дека разбојникот одзел околу 30.000 денари и дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање.