Македонија
17. August 2017 - 16:43

Од 31-ви октомври, секој вторник и петок „Еуровингс“ ќе лета Скопје- Минхен

Се воведува нова авиолинија од Скопје до Минхен. Нискобуџетската компанија Еуровингс на оваа релација ќе лета два пати во неделата секој вторник и петок. Почетната цена на билетоот ќе биде 39 евра за во еден правец и тие се веќе во продажба.

- На 31 октомври ќе го означиме почетокот на нашите операции во Македонијасо отворање на оваа авиолинија, како единствена воздушна конецкија меѓу овие два града. Задоволни сме што Скопје  се приклучува на нашата глобална мрежа. Оваа релација ќе ја зајакне соработката меѓу Македонија и Германија, рече  Иван Ореч – директор за развој  на мрежа на авиолинии на Евровингс

Преку новата  линија македонските патници ќе  имата можност да се поврзат и со други дестинации.

Во изминатиот период од двата аеродрома се воведао нови авиолнии.

Од јули годинава македонските патници дирекно можат да летаат од Александар Велики до Рим, Малта и Шведска, а се воведе и директен лет од Скопје до Катар.

Тоа помогна значително да се зголеми бројката на патници и на Александар велики и на охридскиот аеродром. Во првите седум месеци од годинава бројката на патници е зголемена за 8 отсто, а само во јули во споредбас сис истиот период лани за 15 проценти.