Свет
2. May 2017 - 14:48

Од 25 мај НАТО ќе се префрли во новото седиште во Брисел

НАТО од 25 мај ќе има ново седиште, во непосредна близина на сегашното во Брисел, а вредноста на проектот се проценува на една милијарда долари.

Тоа денеска на  заедничка прес конференција го потврдија шефот на НАТО, Јенс Столетенберг, и Шарл Мишел, белгискиот премиер, државата која е домаќин на Алијансата.

Новиот комплекс се наоѓа во близна на сегашниот, и зазема површина од 41 хектар.

Полукружното стаклено здание со канцеларии ќе зазема 245.000 квадратни метри и во нив ќе бдат  разместени претставниците на 28 мисии, (по приемот на Црна Гора и 29), како и мисиите на 19 земји-партнери.

Во комплексот ќе работат 4.000 лица, пренесува Танјуг.

Одлуката за изградба на новото седишта на Алијансата беше донесена во 1999 година, а градежните работи почнаа во 2010 година.