Спорт плус
17. November 2017 - 15:55

Од 200 возачи од целиот свет, ќе биде и Македонецот Ристо Вуков: Рико ќе вози на трката „24 часа Адрија“ во Италија

Одличен настап имаше македонскиот возач Ристо Вуков на првото тестирање на возила со „TCR“ спецификација, во областа Венето во Италија. По одличните резултати остварени на тестирањето на патеката „Адриа“, македонскиот возач Ристо Вуков повторно ќе се врати во Италија.  Токму благодарение на тие резултати, Вуков доби покана да биде дел од „ Ibiza trophy 24 endurance“, настан кој е закажан на 25 и 26 ноември. 

„Решив да ја прифатам поканата за трката „ Ibiza trophy 24 endurance“, бидејќи тоа е шанса да стекнам уште поголемо искуство. Ќе биде нешто поразлично. Се вози во текот на 24 часа. Ќе има околу 280 возачи и 35 автомобили. Тимот во кој сум јас е составен од осум возачи. Ќе бидам заедно со мојот колега од Србија, Јован Лазаревиќ. Патеката не е многу долга, па секој ќе има шанса да извози минимум 150 кругови“, објаснува Вуков за спорт медиа. 

Според распоредот на организаторот, на 24 ноември (петок) ќе има слободни тренинзи. Сите осуммина возачи од тимот на Вуков ќе возат, а најдобриот од нив, ќе добие шанса да се појави на квалификациите, кои се закажани за во сабота. На 25 ноември, во 13 часот е закажан стартот на трката, а ќе се вози до 13 часот следниот ден, што значи дека крајот на трката ќе биде во недела на 26 ноември.

Во продолжение го гледате видеото од тестирањето на возилата со „TCR“ спецификација во Венето, Италија.